среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Албанците исто како и Македонците ги боли криминалот, корупцијата, срамот и сиромаштијата

Мицкоски: Албанците исто како и Македонците ги боли криминалот, корупцијата, срамот и сиромаштијата

„Кога имавме собир на граѓани во Тетово и во Гостивар, голем дел од Албанците беа присутни на тие собири и дури голем број од тие Албанци кои што беа присутни на тие собири дојдоа со мене да се сликаат. Исто беше пример ќе ви кажам и во Крушево, имаше голем број на Албанци кои дојдоа се сликаа со мене, го посетија настанот, буквално аплаудираа. Затоа што луѓето повеќе не ги гледаат овие прашања како етнички или националистички. Ние не сакаме да звучиме така и ниту звучиме така“, појасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вечерва гостуваше на емисија на телевизија Телма.

Мицкоски додаде дека во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ главен фокус е како да се направи функционално, правна држава, и бескомпромисна борба против криминалот.

„Обидот да се презентира едно општество за сите, заврши во моментот кога ја видовме Луј Витон чантата. Сфативме дека сите оние политички реторики, сите оние политики завршија спакувани во една чанта. И тука заврши таа приказна“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека сите граѓани без разлика на етничките разлики, без разлика на верските разлики сите буквално имаат ист проблем, нив не им е проблемот дали се Македонци, Албанци, Роми, Власи, Срби, Турци, Бошњаци. Сите граѓани во државата се горди на својата етничка припадност. Суштинскиот проблем е лошиот живот, економијата, корупцијата, срамот.

„Ние немаме намера на етничка мобилизација или пак на националистичка реторика“, нагласи Мицкоски.

Најнови вести