Мојот опонент, мојот против кандидат Зоран Заев нема ден да не се потсетиме на некоја од неговите големи афери, не се добројуваат. Да земам сега тука да ги бројам, до утре ќе треба да останеме, за жал. Ќе набројам неколку. Мојот против кандидат е човекот кој што бараше евро за брат му ама не едно, туку помножено по 200.000 и кажа уште кој се друг платил во штедилницата кај брат му. Мојот против кандидат е човек чие што најтесно семејство вози автомобил кои вие ниту во живот, а ниту јас сме видели и кои што чинат повеќе од вкупната заработка на сите вас за 5 години заедно, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4, Александар Николоски денеска на средба пред граѓаните на Кавадарци.
-Мојот против кандидат е човек кој што краде каде што ќе стигне. Мојот против кандидат е човек кој што лаже каде ќе стигне. Мојот против кандидат е човек кој што поставува директори на јавни институции кои што пари ставаат во торба. Мојот против кандидат е човек кој што организираше рекет во Република Македонија и е на врвот на пирамидата, „капо ди тути капи“ на сите криминалци во оваа држава и кој што организираше многу бизнисмени да бидат изрекетирани во вредност од преку 20 милиони евра. Мојот против кандидат е човек кој што ги искористува луѓето и ги пушта низ вода и ситните риби ги тера да одговараат за него, за тој да може да биде заштити. Мојот против кандидат е човек кој што го промени името на оваа држава, што воведе двојазичност и што тргува со историјата, рече Николоски.
Николоски, од Кавадарци порача да се внимава со маката и трудот на земјоделците, порачувајќи да се внимава што прават со цената на грозјето бидејќи после 15 јули со ВМРО-ДПМНЕ ќе си имаат работа, односно како што рече тој, грозјето мора да се откупи цело по праведна цена и мора навреме да се плати.
-Сакам збор два да кажам за уште две работи. Едната се маките народни и на земјоделците и втората њ криминалот и корупцијата. За маките народни, слушаме одредени големци и олигарси кои што ни ја искрадоа државата во 90тите години си ги добија фабриките на тацна станаа милионери ама не станаа милионери затоа што мобилен телефон измислија или компјутер, или некоја ракета, туку за тоа што покрадоа. И сега истите тие оваа година сакале грозјето за 6, 7 денари. Да им порачам од овде да внимаваат што прават со ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат работа после 15 јули, вели Николоски.
Николоски посочи посочи дека секој што се огрешил пред законот после 15 јули ќе мора да одговара, додавајќи дека „не е само директорот на Тутунскиот комбинат кој зема енормно висока плата, туку откри дека и директорот на ТЕЦ Неготино и бордот на директори земале високи плати, укажувајќи такви бандити и криминалци Зоран Заев става на функции“.
-Околу криминалот и корупцијата, каде и да отидете секаде бандити. Еве две работи сакам да споделам со вас. Бев претходно во Неготино и кажуваат луѓето ТЕЦ Неготино кога работи кога не работи, главно не работи. Си се собрале таму директори си се ставиле си поделиле плата каква што вие не можете да сонувате. Јас мислев дека само во Прилеп е така, таму на пример директорот на Тутунскиот комбинат прима ако не сте знаеле 3.500 евра нето месечна плата, односно 5.500 евра бруто месечна плата. Значи зема 5.500 евра месечна плата, само за споредба цело семејство во Прилеп кое што сади тутун за една година заработува од 5.000 до 7.000 евра. За една година цело семејство, а овој сам за еден месец 5.500 евра. Ама такви херои имало и тука во Неготино и ќе ги кажам по име, затоа што мене тој ми е стилот, директорот на ТЕЦ Неготино зема верувале или не 100.000 денари нето плата, 150.000 денари бруто плата, преведено 2.500 евра плата, името на тој директор е Небојша Стојановиќ и веројатно никој не го знае и никој не го видел, ама мангупот зема 2.500 евра плата.
„Па тие пајташите околу него, зошто нели треба да има борд да директори, земаат некаде околу две до 2.300 евра плата, еве да ги кажам нивните имиња. Игор Бојаџиев, Јане Стојменов, Никола Ангеловски, Билјана Митева. Сите овие си земаат по 2.000 до 2.300 евра бруто плата. Такви бандити и криминалци Зоран Заев става на функција, да ги поздравам од овде и сите ќе одговараат од прв до последен после 15 јули за да не ја цицаат маката на луѓето, да има одговорност и во Неготино, и тука во Кавадарци“, порача Николоски.
Николоски побара масовна поддршка од кавадарчани за убедлива победа и во Кавадарци, и во цела четврта изборна единица и на ниво на Македонија за заеднички да ја градат Македонија.
-Да победиме убедливо во четворката, да излеземе масовно во Кавадарци и да победиме во четвртата изборна единица со 12, 8 и да имаме преку 60 пратеници на ниво на Македонија, и заеднички да ја градиме Македонија.