среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски на средба со граѓани во Ѓорче Петров

Мисајловски на средба со граѓани во Ѓорче Петров

Носителот на листа во изборната единица 2 на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Бојан Стојаноски и Наташа Менкиновска денеска прошетаа низ Ѓорче Петров и разговараа со жителите за изминатите денови од оваа кампања и очекувањата од изборниот ден, и исто така ги посетија Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Ѓорче Петров.

 

„Попладнево сум во нашето Ѓорче. Заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Бојан Стојаноски и Наташа Менкиновска прошетавме низ Ѓорче Петров и поразговаравме со граѓаните за изминатите денови од изборната кампања и очекувањата од изборниот ден. Ѓорчепетровци велат дека времето на лаги и манипулации заврши. На Република Македонија и се потребни сериозни политичари и луѓе кои ќе работат чесно и посветено за својот народ. Во текот на прошетката ги посетивме и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Ѓорче Петров, кои на поставениот штанд во реонскиот парк ја претставуваат изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и проектите кои се обврзуваме да ги исполниме.
Ѓорчепетровци се препознатливи по патриотизмот и љубовта кон татковината, и токму поради понижувањата кои ги доживеаа од оваа ненародна власт, на 15-ти јули ќе го заокружат бројот 14 и ќе ги испратат СДСМ и Зоран Заев на буништето.

Ѓорче јасно и недвосмислено посакува #ОбноваНаМакедонија!
На 15-ти јули победува ВМРО-ДПМНЕ, победува Ѓорче, победува Македонија!“

Најнови вести