Генералниот секретар на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска на својата фејсбук страница сподели видео обраќање во кое ги потенцира бенефитите и причините зошто треба да се гласа за ВМРО-ДПМНЕ.
„Зошто треба да гласаме за ВМРО-ДПМНЕ?
Овие избори се последната шанса за Македонија, да докажеме дека сме единствени и обединети кога станува збор за одлучување за нашата Татковина, да им докажеме дека Македонија била, е и ќе остане цела и единствена – НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ, ОВА Е НАША ЗЕМЈА!
Ние ќе бидеме дел од победничката генерација македонци кои застанаа во одбрана на Македонија, кои застанаа во одбрана на достоинството на својот народ и во одбрана на суверена, независна и унитарна Република Македонија!
Зошто бројот 14?
Бидејќи симболиката на бројот 14 се поистоветува со вредностите кои ги поседува ВМРО-ДПМНЕ: вредни, амбициозни, вредни, стабилни, правични и секогаш хумани.
Секогаш подготвени за нов почеток и да ги премостат сите предизвици кои би им се испречиле на патот!
Сакаш да бидеш свој на своето?
Тогаш гласај за проверено и докажано дека е успешно!
#Заокружи14, за да не сме кираџии во сопствената земја!
Да се исправиме гордо и високо и да го исправиме погазеното достоинство на македонскиот народ!
Затоа, на 15-ти јули, излези да гласаш и дај го твојот глас за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за #ОбноваНаМакедонија!
#ОдбериОбнова! #ИсправиСеМакедонијо!“