На наше огромно задоволство, денеска заедно со кандидатот за пратеник во ИЕ2 Бојан Стојаноски, се сретнавме со мојот другар од детството Ostoja Stjepanović, со кој се познаваме речиси цел живот. Остоја е еден од поуспешните фудбалери во нашата земја и тоа го докажува фактот што покрај тоа што е екс репрезентативец на Република Македонија, во својата фудбалска кариера настапуваше за Вардар, Македонија Ѓорче Петров, но и за гиганти како Висла Краков, Сласк Вроцлав, АЕЛ Лимасол, Матерсбург и уште многу други клубови.
Неодамна Остоја ја прогласи неговата фудбалска пензија и се надеваме дека во иднина ќе бидеме сведоци на нови успеси од Остоја, но овој пат како тренер на некој европски клуб. Му заблагодаривме за средбата и му посакавме добро здравје, а тој ни посака среќа во она што го работиме, пишува на својата Фејсбук страница носителот на листата на ВМРо-ДПМНЕ во ИЕ2 Владо Мисајловски.