недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Филмски сцени во Скопје: Полицаец пукал откако го нападнале пред суд, осомничениот скокнал во Вардар и пливајќи му избегал

Филмски сцени во Скопје: Полицаец пукал откако го нападнале пред суд, осомничениот скокнал во Вардар и пливајќи му избегал

На 11.07.2020 во 16.00 часот пред Кривичен суд Скопје, полициски службеник вршејќи обезбедување на Е.А.(33) од Скопје, на кого му била одредена мерка притвор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, бил физички нападнат од него, по што Е.А. се дал во бегство.

Полицискиот службеник испукал неколку куршуми во знак на предупредување, а Е.А. скокнал во реката Вардар, ја препливал и на другиот крај и продолжил кон ул.„Вардарска“.

Полицискиот службеник скокнал по него во реката, по што се здобил со повреди.

Околу 18.20 часот, во близина на Транспортен центар, Е.А. бил пронајден и лишен од слобода од страна на полициски службеници.

Најнови вести