петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицаец нападнат со тврд предмет откако фатил мажи кои прават нелегален транспорт на дрва

Полицаец нападнат со тврд предмет откако фатил мажи кои прават нелегален транспорт на дрва

На 20.10.2023 во 20:30 часот во Ресен, полициски службеници од Полициската станица Ресен ги лишиле од слобода А.М.(42) и Ј.Р.(31), двајцата од Ресен, поради тоа што со тврд предмет нападнале полициски службеник, кој во моментот не бил на работа, но претходно, при преземање на службени дејствија, ги затекнал пријавените како вршат кривично дело – нелегален транспорт на дрва.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.