среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: Гласајќи за бројот 14, гласате за вас, за подобра иднина на вашите деца

Пешевска: Гласајќи за бројот 14, гласате за вас, за подобра иднина на вашите деца

Изминува изборната кампања. Изминатиот период се видов со многу граѓани, сретнав луѓе разочарани и без надеж дека е можно Македонија да тргне на подобро. Разговараме и заеднички дојдовме до заклучок, потребни се промени во Република Македонија. Црнилата кој ги гледаме изминатите три години а ни ги приреди СДСМ мора да заминат во срамниот дел на македонската историја. Промените во Македонија треба да тргнат од тебе, од вас, од нас, истакна Жаклина Пешевска, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2.

„Единствено сплотени и обединети, гласајќи масовно и референдумски на изборите во среда ќе покажеме дека ја сакаме нашата татковина и дека е време да ја Обновиме Македонија.

Гласајќи за бројот 14, гласате за вас, за подобра иднина на вашите деца.

Благодарам на сите членови, симпатизери, поддржувачи и граѓани кои за време на кампањата ни дадоа поддршка.

За крај на кампањата сакам да ви порачам:

Не дозволувајте да ве поткупат, бидејќи чистиот образ нема цена.

Обновата победува! А ти, сам одлучуваш дали ќе бидеш дел од победата“-порача таа.

Најнови вести