недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

До 13 часот во Неготино гласале 33,44 отсто, Демир Капија 31,54, Кавадарци 31,9 отсто од избирачите

До 13 часот во Неготино гласале 33,44 отсто, Демир Капија 31,54, Кавадарци 31,9 отсто од избирачите

Неготино е општината од Тиквешијата во која најголем дел од избирачите излегле да гласаат до 13 часот, односно 33,44 проценти од лицата со право на глас кои се појавиле на избирачките места.

Демир Капија бележи 31,54 отсто излезеност на предвремените парламентарни избори до 13 часот, а Кавадарци 31,9 проценти. Во Росоман, за овој пресек е евидентирано дека  23,36 отсто од избирачите, го оствариле своето право на глас.

Според претседателите на општинските изборни комисии од овие општини, засега гласањето тече без проблеми и со преземени мерки за превенција и заштита од коронавирус.