сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мигранти пронајдени во камион-ладилник близу границата на Германија со Чешка

Мигранти пронајдени во камион-ладилник близу границата на Германија со Чешка

Германската полиција пронајде 31 мигрант скриени во камион-ладилник со турски регистарски таблички во близина на границата со Чешката Република.

Камион што превезувал овошје бил запрен доцна синоќа на автопатот А 17 – од границата со Чешката Република до Дрезден, и при проверка чија цел е борба против прекуграничен криминал, откриено е дека во него се скриени 31 мигрант.

Сите мигранти се мажи, на возраст меѓу 18 и 47 години, од Турција, Сирија, Иран и Ирак. Приведен е 57-годишниот возач на камионот кој е со турска националност, јави ДПА. (МИА)