Познатата актерка Галин Горг почина на 55 годишна возраст и тоа на еден ден пред својот роденден, пренесуваат светските медиуми.
Актерката која е најпозната по улогите во „RoboCop 2“ , „Twin Peaks“ и “Fresh Prince of Bel-Air“ ја загуби битката со ракот.
Иако на актерката и е констатирано рак низ целото тело и белите дробови нејзиното семејство до неодамна не беше свесно околу сериозноста на нејзиното здравје, па веста за смртта ја доживеаја како вистински шок.
Rest In Peace Galyn Gorg. Twin Peaks and Robocop 2 actress. pic.twitter.com/0OhxBPYqzx
— Ian Young ⚽️??? (@ianyoungkop) July 15, 2020
Таа е родена во Лос Анџелес, а пред актерството се занимавала со танцување.
-Толку нас ни значеше. Потрошивме толку многу пари на лекување, а сега собираме донации за нејзиниот погреб. Било каква помош ни е добредојдена, велат членови од нејзиното семејство за светските медиуми.