вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Осумнаесет мигранти од Бангладеш пронајдени во возило на патот Неготино-Градско

Осумнаесет мигранти од Бангладеш пронајдени во возило на патот Неготино-Градско
фото илустрација

Осумнаесет мигранти од Бангладеш биле пронајдени вчера во возило на патот Неготино-Градско, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Околу 14:30 часот на патот Неготино – Градско, во близина на локалитетот Стоби, при контрола на товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т. (33) од Скопје, во товарниот дел на возилото полициски службеници пронашле 18 мигранти од Бангладеш (сите полнолетни). Возачот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица за понатамошна постапка, појасни Додевски.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Неготино. Известен бил јавен обвинител, а мигрантите се сместени во Прифатниот тразнитен центар „Винојуг“-Гевгелија. (МИА)

Најнови вести