сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку двајца загинати во судир меѓу полицијата и опозициски демонстранти во Бангладеш

Најмалку двајца загинати во судир меѓу полицијата и опозициски демонстранти во Бангладеш
епа

Најмалку две лица загинаа, а десетици други се повредени во денешниот судир меѓу полицијата и опозициските демонстранти во Бангладеш.

Од саботата во ваквите судири загинаа вкупно шест лица, меѓу кои и еден полицаец.

Главната опозициска Националистичка партија на Бангладеш со своите поддржувачи ја почна најавената тридневна блокада на сообраќајот низ целата земја, барајќи ја оставката на премиерката Хасина Вазед и преземање на власта од непартиска привремена влада.

Премиерката ја одби можноста за дијалог и на опозицијата и се закани со репресија.

Полицијата и приврзаниците на опозицијата се судираат од саботата кога се одржа првиот голем митинг. Во неделата, опозициската партија предводена од поранешниот премиер Калед Зија почна целодневен генерален штрајк низ Бангладеш. Откако беше уапсен опозициски политичар, партијата најави тридневна блокада со која сака да го запре цел Бангладеш и да ја собори владата.