Тежок период живее секој македонски граѓанин. Светската пандемија на коронавирус беше голем удар, како за светот така и за нас, но негрижата која ја покажа македонската Влада остава огромни последици. Најголемиот дел од граѓаните живеат во сиромаштија, а дел од нив финансиски едвај преживуваат и се борат за егзистенција.
Светска банка уште во мај прогнозираше дека од 55 илјади граѓани, според оптимистичкото сценарио – па до 130 илјади ќе станат сиромашни, ако кризата потрае до крајот на август, или стапката на сиромаштија може да се зголеми до 10%. Корона кризата, како што гледаме секој ден, се повеќе ја уништува Македонија додека бројот на заразени драстично расте. Не само здравствената, туку и економската криза е сериозна опасност за нашиот народ.
Симулациите предвидуваат стапката на сиромаштија да порасне до околу 20-23 проценти во 2020 година и од 55.000 до над 130.000 граѓани на Македонија (во зависност од тоа дали кризата ќе трае еден или два квартали) би западнале во сиромаштија. Пред пандемијата, сиромаштијата меѓу работниците во најпогодените сектори беше само 4 проценти, но оваа стапка се проценува да достигне околу 8 проценти во сценариото 1 и 15 проценти во сценариото 2.
Според Светска банка – сиромаштијата, која подразбира живот со помалку од 5,5 долари на ден по член на семејство, меѓу работниците од најпогодените сектори, двојно или тројно ќе се зголеми. Значително намалување на просечниот приход до 12% предвивува банката, а со тоа и намалување на средната класа. Голем дел од оние кои ќе осиромашат нема да добијат никава социјална заштита.
Мерките за заштита на животот имаат негативно влијание и на пазарот на труд. Најголемо зголемување на бројот на невработени има во Албанија, 25% и во Македонија – 11%. Бројката ќе расте по враќањето на иселениците дома, поради загубените работни места во странство.
Многу луѓе останаа без работа, многу работници не земаат плата или им се исплаќаат ниски суми. Компании доживеаја колапс откако почна кризата. И наместо државата да им помогне на најпогодените, најголемите суми на пари си ги префрла на своите поранешни челници. Заев и Спасовски најавуваа мерки за најпогодените, но тие мерки реално никому не помогнаа. Парите беа распределени кај фирми блиски до власта, додека граѓаните останаа без денар, а работодавачите се принудени да стават клуч на врата и да го затворат бизнисот.
Народот продолжи да тоне во сиромаштија, а компаниите мака мачат да сврзат крај со крај бидејќи не можат да го понесат финансискиот терет додека Владата им исплаќа мизерна помош.
Според статистичките податоци, дури 445.000 луѓе во Македонија живеат под прагот на сиромаштија. На сите економски листи, Македонија е со најслаби резултати во регионот.
Но по изборите кои за Заев беа многу “итни“, тој си замина на одмор. На одмор се и дел од владините функционери. сиромаштијата напаѓа, а народот ќе треба да почека функционерите да се одморат во надеж дека ќе соберат сила нешто и да сработат кога ќе се вратат.
Бидејќи мерките кои досега ги превземаа не можат да се наречат помош за народот.