Поранешната светска тенисерка број 1 и моментно третопласирана на ВТА ранг листата, Гарбине Мугуруза стигна до првата титула оваа година.
Шпанката ноќта меѓу недела и понеделник го доби финалето на турнирот во Монтереј, Мексико. Таа во меч за трофејот ја победи Тимеа Бабош од Унгарија со 2-1.
Мугуруза ги доби првиот и третиот сет со по 6:3, Унграката беше подбра во вториот со 6:4.
За шпанската тенисерка ова беше шести наслов во кариерата.
МИА