понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Словачкиот премиер со остри критики кон својот претходник

Словачкиот премиер со остри критики кон својот претходник

Премиерот на Словачка Игор Матович го критикуваше неговиот претходник Роберт Фицо, тврдејќи дека тој бил запаметен меѓу европските лидери само по две работи – девојки и алкохол.

Матович со ова одговори на критиките на Фицо, кој го обвини за лош резултат на неодамнешниот самит во Брисел.

По владината седница, Матович објасни дека ги прашал европските лидери на самитот за нивните искуства со Фицо.

Според него, некои воопшто не можеле да се сетат на Фицо.

– Фицо секогаш влегуваше во пленарната сала последен, кога сите останати веќе седеа, рече тој, додавајќи дека вистинските разговори честопати се одвиваат пред официјалните дискусии.

– Кога дискусијата завршувала, Фицо си заминувал. Тој никогаш не разговарал со никој и никој дури не разговарал со него, додаде тој.

Затоа, како што продолжи, тој е убеден дека Фицо лажел кога рекол дека разговарал со неколку европски лидери на телефон и го повика да каже кои се тие лидери.

– Имам многу добри односи со повеќето од тие лидери, рече Матович.