Возач на патнички автомобил утринава повреди седум лица во Берлин, откако, без да запре, влетал во група луѓе на градски плоштад Харденбергплац, наведуваат германските медиуми
Едно од прегазените лица се нашло под автомобилот, кога тој запрел, и морало да се реанимира.
Седум други лица се здобиле со полесни и делумно посериозни повреди.
Возачот на автомобилот е уапсен, а заднината на случајот засега е непозната.