четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Го изневерила свршеникот во тоалет на својата моминска вечер- по 10 години тој ја дознал вистината

Го изневерила свршеникот во тоалет на својата моминска вечер- по 10 години тој ја дознал вистината

Еванџелина Грејс од Америка по десет години чуваната тајна реши да ја сподели со целиот свет.

Таа како што раскажува навистина го сакала својот сега веќе поранешен сопруг Џејдан, но во тоа време не била среќна што се мажи и не била возбудена за иднината со него.

Имено таа за време на својата моминска вечер направила катастрофална грешка- имала секс со друг маж во тоалетот од еден бар каде прославувала со пријателките и тоа неколку денови пред сопствената венчавка.

-Иако навистина многу го сакав ужасна ми беше помислата дека треба целиот живот да го поминеме заедно, па поради тоа од тука се јави и мојата желба за незрелиот потег, признава Еванџелина.

Таа вечер таа доста испила, а додека се враќала од тоалет налетала на непознато момче која започнало да флертува со неа, а набрзо се нашле и во тоалетот каде имале секс која таа го опишува како бездушен.

По венчавката на која се уште и биле тазе овие сцени, таа дури 10 години ја чувала оваа тајна по што решила да му признае на сопругот.

Само една недела по дознавањето сопругот поднел барање за развод и сега повеќе не се заедно.