петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Повисоки цените на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Повисоки цените на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јуни годинава  се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво и за 0,2 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во јуни 2020, во споредба со мај 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите енергија за 2,1 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 1,1 отсто.

Во јуни 2020, во споредба со јуни 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите енергија за 0,6 отсто, трајни производи за широка потроошувачка за четири отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за еден отсто.