четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

Што се случува во телото кога ќе престанете да пиете кафе?

Што се случува во телото кога ќе престанете да пиете кафе?

Многумина не можат да си го замислат животот без утринско кафе. Експертите препорачуваат максимално 200 до 400 милиграми кафе дневно. Но, препорачаната доза зависи и од нашата возраст и животен стил.

За оние кои планираат да прекинат со консумирање кафе, еве некои интересни факти за тоа што се случува во организмот кога ќе престанете да пиете.

1. Поздрави заби

Консумирањето кафе може да предизвика оштетување на забите. Не само што поради кафето ќе ја изгубите блескавата насмевка, туку киселоста која ја содржат пијалаците со кофеин може да доведе до пропаѓање и оштетување на забната глеѓ.

2. Хормонални предности за жените

Пијалаците како кафе, чај и газирани сокови може да влијаат на нивото на естроген кај жените. Според студија објавена во Clinical Nutrition, внесување на 200 милиграми кафе дневно го зголемува нивото на естроген кај жените. Промената на нивото на естроген може да биде алармантна за жените кои се борат со ендометриоза.

3. Ќе се намалат главоболките

Според истражувањата, кофеинот е всушност ризик фактор за хронични секојдневни главоболки. Намалената консумација на кофеин може да ги намали главоболките.

4. Ќе изгледате помладолико

Откриено е дека кофеинот смета на создавањето на колаген во човечката кожа, што од друга страна би можело да предизвика повеќе брчки. Според студија објавена во американската Националната медицинска библиотека на Институтот за здравје, кофеинот ја инхибира биосинтезата на колаген, а има и инхибирачки ефект на биосинтеза на ДНА. Намаленото внесување на кофеин може да придонесе за помлада и поубава кожа.

5. Подобар сон

Пиењето кафе може да влијае на спиењето, што значи дека навечер е можно да имате несоница, а преку ден да ви се спие.

6. Промена на тежината

Откако ќе престанете да пиете кафе може да добиете или да изгубите на тежина. Истражување спроведено на Универзитетот Дјук покажа дека секојдневното консумирање кофеин од кафе, чај или други безалкохолни пијалаци го зголемува дневното ниво на шеќер во крвта за скоро 10 проценти, што доведува до ризик за кардиоваскуларни болести и дебелина.

Кофеинот се смета за една од ретките природни работи кои помагаат во забрзување на метаболизмот и согорување на мастите. Според студија во PubMed, кофеинот го забрзува метаболизмот за 3 до 4 проценти.