вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Дали знаете кога е најдобро време за кафе? Омилениот пијалок е најефективен во овој период од денот – потврдија и научниците!

Дали знаете кога е најдобро време за кафе? Омилениот пијалок е најефективен во овој период од денот – потврдија и научниците!

На многумина денот им почнува со кафе, без разлика дали се пие дома или на пат до канцеларија или на факултет. Меѓутоа, истражувачите велат дека ова не е најефективно време за пиење на првото кафе.

Хронофармакологијата е научна дисциплина што се занимава со испитување на лекови и додатоци за нашиот организам и најдоброто време за нивно консумирање. Очигледно биолошкиот часовник влијае врз дејството на одредени лекови, па соодветно и врз пиењето кафе.

Така, за будењето веќе се погрижил вашиот биолошки часовник, па со самото тоа утринското пиење кафе станува помалку ефективно, пишува „Новости“.

Доколку сте се навикнале да пиете кафе наутро и не сакате да се одвикнете од оваа навика, најдобро е да го поместите времето на пиење за два часа. Така, доколку се будите во 8 часот, најдобро е да пиете кафе во 10 часот, кога нивото на кортизол паѓа и стануваме поспани, па кафето би било најефикасно.