петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Водолијата нема да успее да ги оствари плановите, Стрелецот има проблем во читање на туѓите намери

Водолијата нема да успее да ги оствари плановите, Стрелецот има проблем во читање на туѓите намери

ОВЕН

Работата ве оптоварува и не сте сигурни како да се поставите. Сакате да ги решите проблемите. Можно е да не ви е лесно да ги признаете своите чувства затоа што имате впечаток дека партнерот не ве гледа со истите очи како претходно. Водете сметка околу внесувањето течности.

БИК

Потрудете се да бидете ажурни, да работите на концентрација и на тоа работите да бидат на свое место. Сакате да се потрудите да ја подобрите комуникацијата со личноста која ви значи. Расположението ви осцилира.

БЛИЗНАЦИ

Немате никакви грижи и работата ви оди во добар правец. Задоволни сте од околностите во кои се наоѓате. Можно е да ви се допаѓа личност со која и порано сте имале интересна комуникација. Здравјето оди на подобро.

РАК

Имате доста работни проблеми кои ве оптоваруваат и често имате впечаток дека не можете со тоа да се изборите. Со партнерот полека доаѓате до заклучок дека би било најдобро да направите прекин во врската. Иритации.

ЛАВ

Ќе ви биде потребно многу време за на полето работа да ги решите проблемите кои ги имате. Можно е да сте наклонети кон конфликтите со саканата личност поради незадоволството кое го чувствувате. Под стрес сте.

ДЕВИЦА

Потребно е да покажете дека може да се активирате на полето работа. Немојте да покажувате мрзеливост и незаинтересираност. Можни се нагли промени кога е во прашање љубовта. Пред вас е прекин на врската. Водете сметка околу непцата.

ВАГА

Потполно сте мирни и сталожени и лесно ќе ги решите проблемите кои ги имате на полето работа. Можно е саканата личност да покажува посесивност. Не ви се допаѓа тоа, имате потреба за поголема слобода. Инфекции се можни.

ШКОРПИЈА

Можно е на работа да имате потешкотии кои не може да ги решите толку лесно. Можно е со саканата личност да имате криза која не може лесно да се надмине. Вие чувствувате дека сте подготвени за прекин. Чувствителен урогенитален тракт.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува поволен ден во кој на работното поле ќе остварите напредок. Не сте сигурни како да се поставите на полето љубов. Не ви е лесно да ги прочитате намерите на другата страна. Наклонетост кон алергии.

ЈАРЕЦ

Ќе ви биде потребно многу време на полето работа да донесете конечни одлуки околу промената на работното место. Време е да размислите какви промени сакате со саканата личност и дали сакате брак. Проблеми со стомакот.

ВОДОЛИЈА

Нема да успеете да ги остварите своите планови. Не ви е претерано добар ден за работа. Со саканата личност имате шанса да ги решите проблемите кои сте ги имале. Проблеми со очите.

РИБИ

Ве очекува ден во кој ќе имате многу обврски. На време подгответе се на работата повеќе. Саканата личност ќе ви покаже дека е потребно некое време да се одлучи што сака од врската. Немате здравствени проблеми.