вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Скај њуз“: Јулија Скрипал отпуштена од болница

„Скај њуз“ посочи дека на Јулија Скрипал здравствената состојба драстично и се подобрила и оти таа требала да излезе од болница вчера.
„Скај њуз“: Јулија Скрипал отпуштена од болница

Ќерката на руско-британскиот поранешѓен двоен агент Јулија Скрипал, која заедно со нејзиниот татко беше отруена со нервен агенс е отпушена од болница, јави „Скај њуз“, повикувајќи се на свои извори.

„Скај њуз“ посочи дека на Јулија Скрипал здравствената состојба драстично и се подобрила и оти таа требала да излезе од болница вчера.

За денеска се очекува соопштение од нејзиниот лекарски тим.

Скрипал (33) и нејзиниот татко Сергеј Скрипал (66) беа пронајдени во Солсбери онесвестени пред повеќе од пет недели. Тие без отруени со нервен агенс, за што западните земји ја обвинија Русија.

(Миа)