-“Комшија” Ивице гледам си се пронашол во фразата “појаничарени јуришници на Заев” па реагираш.
Алал нека му е на Мицкоски што совршено ве дефинираше; иако не ве спомена со име, вие сами си се јавивте, стои во статусот на Фејсбук профилот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој во статусот потенцираше дека токму поради тоа, Конески тежи минус четири илјади гласа во Аеродром.
-Не може да зборите за обединување, а да го гледате светот од скутот на Заев. Затоа единствено реформи можете да правите во СДСМ, пишува Стоилковски.
Неговиот статус може да го погледнете во продолжение.