недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонските таеквондисти на посебен начин го одбележаа Илинден

Македонските таеквондисти на посебен начин го одбележаа Илинден

Македонската таеквондо федерација во моментов е на летен потготвителен тренинг камп во Охрид каде што учествуваат 50сетина репрезентативци од сите старосни категории.

Македонските таеквондисти денеска на посебен начин го одбележаа голмиот државен празник Илинден гордо поклонувајки се на македонската химна и македонското знаме во чест на сите борци од минатото кој со положување на своите животи денеска ни подарија скапо платена слобода.

Да не заборавиме да потсетиме дека македонското олимписко таеквондо е еден од најуспешните олимписки спортови во Македонија, во последниве неколку години таеквондо репрезентативците чиј предводник е големата олимписка надеж Дејан Георгиевски не израдуваа со светски и европски медали што за еден олимписки спорт е огромна работа пред се за државата.