понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп ја повлече номинацијата на генералот Ентони Тати

Трамп ја повлече номинацијата на генералот Ентони Тати

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече номинацијата на бригадниот генерал во пензија Ентони Тати, кој поранешниот американски претседател Барак Обама го нарече „терористички лидер“, за помошник министер за одбрана задолжен за политика, соопшти Белата куќа.

Соопштението на Белата куќа е објавено еден ден откако портпаролката на Пентагон рече дека Тати, кој не успеа да обезбеди сослушување на американскиот Сенат за да ја потврди номинацијата, зазеде втора, пониска позиција во Министерството за одбрана.