Неколку експлозии одекнале во Бејрут, а на социјалните мрежи се објавени видеа на кои се гледа страшниот момент.
Либанскиот министер за здравство веднаш се огласи и ги повика сите болници во престолнината да бидат подготвени за примање на повредените.
Како што пренесува Би-Би-Си, првата експлозија се случила во близина на крајбрежјето, а потоа следувала уште една, масивна експлозија која практично го потресе целиот град.
Моќната експлозија предизвика голема паника помеѓу населението.
Во радиус од километар се искршени прозорците на околните објекти, а темен чад го обви местото на експлозијата. Неколку згради се целосно срушени и се верува дека има и голем број на граѓани кои се затрупани под рушевините.