Челникот на либанскиот Црвен крст објави дека досега се регистрирани 2.200 повредени во моќната експлозија којашто одекна во попладневните часови во пристаништето на Бејрут, но предупреди дека оваа бројка не е конечна.
Телевизијата Al Hadath, пак, повикувајќи се на свои извори во здравствените служби на Бејрут, информира за повеќе од 3.000 повредени.
Истовремено либанското министерство за здравство соопштило дека досега се регистрирани 30 жртви во големата несреќа, пренесува телевизискиот канал OMV на својот акаунт на Twitter.
Либанскиот телевизиски канал LBC го цитираше либанскиот министер за здравство Хамад Хасан рече дека експлозијата предизвикала „голем број настрадани“ и „огромна материјална штета“.
Експлозијата предизвикала огромни материјални штети на околните згради и инфраструктура. Засега се проценува колкава вкупно површина од градот е зафатена од експлизијата и пожарот.
Во тек е пресметките на бројот на жртвите и повредените.
Либанската Национална новинска агенција (NNA) пренесува дека во тек е обемна спасувачка операција, во која се пријавени исчезнати најмалку 10 пожарникари.