Либанскиот Бејрут беше погоден од неколку силни експлозии, а според информациите на локалниот Црвен крст, загинаа најмалку 70 лица.
Болниците се преполни, сите служби се на терен, а целата ситуација го погоди и гувернерот на Бејрут, Марван Абуд, кој се расплака пред новинарите.
Додека околу него можеше да се види чад и рушевини, Абуд ја спореди катастрофата со нуклеарните напади врз Хирошима и Нагасаки за време на Втората светска војна.
Иако се претпставува дека експлозијата се случила во магацин за експлозивни материи на пристаништето, точната причина сè уште не е позната. Абуд потврди дека избувнал пожар и дека пожарникарите кои дошле да го изгаснат тогаш исчезнале.
“Ги бараме, 10 од нив се исчезнати во моментов. Се изгледа како што се случило во Јапонија, Хирошима и Нагасаки. Ме потсетува на тоа. Никогаш не сум видел такво уништување во целиот мој живот. Ова е национална катастрофа”, рече тој низ солзи.
За потсетување, најпрвин се слушнала малудар, после пет минути се појавил црно-бел чад. После тоа, одекнала силнаексплозија и црвениот чад почнал да расте. Дури и на неколку километри оддалеченост, стаклата на излозите во во многу насели се искршени.
Beirut governor is literally crying while talking about the explosions, who likens them to Nagasaki and Hiroshima attacks pic.twitter.com/YPHqd1Sq2d
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) August 4, 2020