сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

75 години потоа: Вака денес изгледаат модерните Хирошима и Нагасаки, животот тече без престан, народот не заборава (ФОТО)

75 години потоа: Вака денес изгледаат модерните Хирошима и Нагасаки, животот тече без престан, народот не заборава (ФОТО)

Денеска се навршуваат 75 години откако САД го започнаа првиот напад со атомска бомба во светот врз градот Хирошима. Овој напад три дена подоцна беше проследен со втор врз Нагасаки. Во 8:15 часот на 6 август 1945 година, од американскиот воен авион од типот Б-29 наречен „Enola Gay“ беше фрлена бомбата „Little Boy“ врз ослободи југозападниот јапонски град Хирошима, убивајќи 140.000 од проценетата популација од 350.000 жители. Илјадници други починаа подоцна од повредите и од болестите поврзани со зрачењето.

На 9 август, Соединетите држави фрлија друга бомба, „Fat Man“ врз Нагасаки, убивајќи над 75.000 луѓе. Јапонија се предаде шест дена подоцна, со што заврши Втората светска војна.

Во претходните години, јапонскиот премиер Шинзо Абе и градоначалниците присуствуваа на годишните меморијални церемонии и ги обновуваа ветувањата за свет без нуклеарно оружје.

Комеморациите оваа година ќе бидат ограничени како резултат на пандемијата на ковид-19 и ќе бидат проследени со видео пораки од државниците.

Денес животот во двата града е вратен во нормала и истите се современи, погледнете.