четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Сестрата на Мараја Кери ја тужи нивната мајка за наводна с*ксуална злоупотреба

Сестрата на Мараја Кери ја тужи нивната мајка за наводна с*ксуална злоупотреба

Алисон Кери (57), постарата сестра на пејачката Мараја Кери, ја обвини својата мајка Патриша дека ја принудувала на сексуален акт со непознати лица на возраст од 10 години, а во четвртокот поднела тужба во Врховниот суд на државата Њујорк, објави британски „Сан“.

Весникот открива дека во тужбата е наведено: „Обвинетата, која е мајка на тужителот, дозволила и охрабрила машки лица, чии идентитети во моментот се непознати, да вршат сексуален акт или сексуално задоволување, како што е дефинирано во казнениот закон во Њујорк, поточно присилно допирање и сексуален напад од прв степен додека тужителот бил на возраст од 10-ина години.

Алисон (57), која претходно била проститутка и е ХИВ-позитивна, во документите тврди дека ѝ е дијагностицирано посттрауматско нарушување и депресија како резултат на наводната злоупотреба.

Алисон беше уапсена во 2016 година поради проституција, Таа тогаш сними видео за „Дејли мелл“, во кое апелира до нејзината славна сестра за помош.

Најнови вести