Голема количина цигари без акцизни марки е запленета во Подгорица, а проценетата вредност на нелегалниот товар е повеќе од еден милион евра, соопштија денеска претставници на Управата на полицијата и Царинската управа.
Цигарите ги заплениле припадници на Секторот за борба против организиран криминал и корупцијата во соработка со службените лица на Царинската управа, постапувајќи по наредба на Специјалното државно обвинителство, од 8 август годинава, се вели во соопштението.
Акцијата за заплена е изведена под името „Арка“. (МИА)