понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Иванов ќе учествува на 21. Евроазиски економски самит во Истанбул

Иванов ќе учествува на 21. Евроазиски економски самит во Истанбул

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на 21. Евроазиски економски самит, што ќе се одржи во Истанбул.

Иванов е предвидено да има свои обраќања на свеченото отворање, како и на претседателската сесија на 21. Евроазиски економски самит, што годинава се одржува на тема „Дилемата на нашиот век: Технологија наспроти политика“.

Организатор на Евроазискиот економски форум е фондацијата Мармара, група за политички, економски и општествени истражувања чијашто цел е унапредување на односите меѓу ЕУ и земјите од централна Азија и Блискиот Исток.

Фондацијата е активно вклучена во јакнење на културата на дијалог, економската соработка и подобрување на регионалната соработка за поуспешно искористување на можностите што ги создава процесот на глобализација.

Во рамки на работната посета на Република Турција, претседателот Иванов ќе оствари средба со претставници на Сојузот на стопански комори на Република Македонија и со турски бизнисмени, каде што ќе има свое обраќање заедно со претседателот на Coјузот на стопански комори и берзи на Република Турција, Рифат Хисарџиклиоглу.

Најнови вести