среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Рибите да ја намалат нервозата, Јарецот не е подготвен за сериозна врска

Рибите да ја намалат нервозата, Јарецот не е подготвен за сериозна врска

ОВЕН

Можно е моментално да сте во фаза во која можете малку да се одморите и опуштите. Не сте спремни за претерани тензии. Доколку сте во брак, можно е сега да ги преиспитувате своите одлуки и односот кој го имате. Проблеми со стомакот.

БИК

Во текот на денот ќе имате помалку компликации на вашето работно место. Денеска ќе пробате да стапите во контакт со личност со која сте имале некогаш врска. Се уште не сте се заборавиле. Проблеми со синусите.

БЛИЗНАЦИ

Можно е да сте загрижени, иако за сега на работното место се оди во најдобар ред. Пробајте да не создавате тензија без потреба. Имате стабилен и добар однос со саканата личност, а тоа ве прави среќни. Водете грижа за штитната жлезда.

РАК

Не е претерано поволен ден, па немојте да очекувате дека брзо ќе дојдете до остварување на своите цели. Можно е да сте малку разочарани во вашиот партнер и ви е потребно да размислите. Ве мачи хроничен замор.

ЛАВ

Имате некои дилеми поврзани со работното поле и не можете да се „свртите“ на друга страна. Ви треба уште време за размислување. Можно е да не ги покажувате своите емоции иако партнерот тоа го очекува од вас. Ве мачи несоница.

ДЕВИЦА

Очекувајте нови работни компликации. Потребна ви е помош од соработниците со цел да ги решите. Не сте многу посветени кон личноста која ви се допаѓа бидејќи ви се чини дека таа веќе има некој. Можни се грчеви во мускулите.

ВАГА

Очекувајте подобрување на комуникацијата во колективот и генерално добра ситуација на работното поле. Се чувствувате добро пред својот партнер и задоволни сте во вашата врска. Одлично се чувствувате и здравјето ви е добро!

ШКОРПИЈА

Можете да очекувате добар ден доколку се занимавате со работа поврзана за право или било какво спроведување на законите и правилата. Љубовта сега ви е на последно место, не сте посветени на партнерот. Проблем со мигрена.

СТРЕЛЕЦ

Може да ви се создаде прилика за соработка со странство која би била многу поволна за вашата работа. Многу сте шармантни и лесно освојувате. Можете да очекувате среќа на полето со паралелен флерт и тајни врски. Чувајте го здравјето.

ЈАРЕЦ

Немате некои поголеми промени кога е во прашање работата. Денешниот ден ќе ви помине сосема мирно и без тензии. Можно е да не сте спремни за сериозна врска иако личноста со која се гледате во моментов, тоа го посакува. Потребно ви е опуштање.

ВОДОЛИЈА

Сами донесувате важни одлуки поврзани со работа и не сте спремни на некого да му дозволите да ги повлекува потезите. Сакате да ги покажете своите чувства кон личноста која долго време ви се допаѓа. Чувствителни колена и зглобови.

РИБИ

Можете да очекувате многу напорен ден, но ќе успеете да направите се што од вас се очекува. Ќе бидете позитивно изненадени со гестот кои ќе го направи најновиот додворувач. Намалете ја нервозата и стресот.