четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во Велес и околината утре трето авионско третирање против комарци

Во Велес и околината утре трето авионско третирање против комарци

Општина Велес информираше дека третото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август во периодот рано сабајле од 05:00 до 06:30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање, истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август.

Во соопштението на Општина Велес се наведува дека границата, на третирањето е: Езеро „Младост“, село Отовица, месност Јарбош, по течението на реката Вардар од север од село Башино село низ Велес, сè до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна, кон фабриката „Киро Ќучук” и село Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро „Младост“ со непосредната околина.

-Се известуваат пчеларите во времето на третирање и три до четири часови потоа да ги затворат кошниците со пчели, поради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства,предупредуваат од Општина Велес. (MИА)