понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Мицкоски заедно со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа кај Пендаровски и бараат одговор зошто го доделил мандатот на Заев

ФОТО: Мицкоски заедно со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа кај Пендаровски и бараат одговор зошто го доделил мандатот на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и пратениците пристигнаа на вила Водно, кај претседателот на државата Стево Пендаровски, од кого ќе бараат одговор зошто мандатот за составување на новата Влада му го доделил токму на Зоран Заев.

Протестниот настан на прес-конференција попладнево го најави самиот лидер, а истиот следува откако Пендаровски денеска мандатот за составување на нова Влада му го додели на лидерот на СДСМ Зоран Заев, иако истиот го нема потребното мнозинство од 61 пратеник.

-Денес од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски беше прекршен Уставот. Без никаков доказ кој е неопходен за поседување на парламентарно мнозинство од најмалку 61 пратеник, тој го додели мандатот за состав на нова Влада на пратеникот Зоран Заев, обвини претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Најнови вести