Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Виена се сретна со австрискиот министер за финансии Гернот Блимел, како и со претставници на австриски компании.
По средбата, Помпео без да изнесува други детали, констатираше дека САД е втор најважен извозен пазар за Австрија и потенцираше дека двете земји имаат интерес да го истакнат она што им е заедничко, наспроти она што ги дели.
САД и Австрија имаат неколку несогласувања во областа на економијата, па така Вашингтон покрена постапка против Виена поради т.н. „дигитален данок“, а се спорат и во врска со 5Г мрежата и гасоводот Северен тек 2.
За попладнево е предвидена средба на Помпео со шефот на државата Александер ван дер Белен и со министерот за надворешни работи Александер Шаленберг. Помпео, исто така, ќе има средби и со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас со кого ќе разговара за актуелниот грчко-турски спор и со шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси.