Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози со умерен интензитетот надвор од градските средини.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
На регионален пат Р-2238 село Галичник – Маврово ве тек се градежни работи во период од 10:00 до 16:00 часот кога сообраќајот ќе биде во прекин. На место на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.