вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

На Стрелецот му недостига мотивација, Бикот несигурен дали да се впушти во врска

На Стрелецот му недостига мотивација, Бикот несигурен дали да се впушти во врска

ОВЕН

Може да се надевате на шанса за остварување на подобра заработка отколку во претходниот период. Моментално имате помали конфликти во комуникацијата со партнерот, но компромис секогаш може да се најде. Подложни сте на настинка.

БИК

Можете да добиете охрабрување кое ви е потребно за да дојдете до работно напредување. Не сте сигурни дали да се впуштите во нова врска со личност која ви се додворува. Проверете го нивото на шеќер во крвта.

БЛИЗНАЦИ

Не сакате да се откажете од плановите кои себеси сте си ги зацртале иако секаде околу вас се негативни настани. Доколку сте слободни ве очекува поволен ден да остварите некое ново познанство. Притисок.

РАК

Ако бидете претерано импулсивни можно е да си направите проблем на работа без потреба. Размислувате за брак и сериозни чекори со саканата личност. Чувајте се во сообраќајот – пад на концентрација.

ЛАВ

Поволен ден за занимавање со приватен бизнис. Ве очекува можност за проширување на работата. Доколку сте во заедница, ве очекува подобрување на комуникација со саканата личност. Вкочанетост во пределот на вратот.

ДЕВИЦА

Многу е важно да имате позитивен став околу исходот на новиот работен проект. Ви се допаѓа личност која не е спремна за стабилна врска, но кратка авантура е возможна. Водете грижа за чувствителна кожа.

ВАГА

Можно е да имате потреба од деловни промени и дека ќе направите се што ви зависи од вас за да го направите тоа. Не ви се допаѓа љубомората на партнерот. Ги сметате неговите реакции претерани. Бидете внимателни кога станува збор за жолчката.

ШКОРПИЈА

Може да очекувате промени кога станува збор за вашата заработка. Можно е да не бидете премногу задоволни. Може да се надевате на многу добра ситуација со саканата личност, со која совршено се вклопувате. Чувствителен урогенитален тракт.

СТРЕЛЕЦ

Прилично сте нервозни и не прифаќате толку лесно нови работни случувања. Ви недостига мотивација. Вас ви е важно покрај себе да имате личност со која ќе можете за се да разговарате. Водете грижа за внесот на течности.

ЈАРЕЦ

Не би требало да очекувате значајни настани на работен план денеска. Состојбата останува непроменета. Сонувате за личност која ја познавате, но немате храброст за да и пријдете. Пад на имунитетот.

ВОДОЛИЈА

Сериозно размислувате за работа во странство. Можно е вашиот пресврт да се исплати. Се појавува нова личност со која би посакале да градите заедничка иднина. Можни проблеми со синуси.

РИБИ

Доколку сте без работа, ви се отвора нова прилика да го смените овој статус. Размислувате за поголеми љубовни промени бидејќи не сте задоволни со моменталната врска. Многу добра состојба на полето здравје.