недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Абидал отпуштен од Барселона

Абидал отпуштен од Барселона

Раководството на Барселона, како што се очекуваше, го отпушти спортскиот директор Ерик Абидал, соопштија од „Камп Ноу“.

Французинот ја има оваа позиција од 2018 година. Во минатата сезона, тој ја изгуби довербата од играчите заради некои од неговите изјави.

Неговите одлуки за трансфери, исто така, беа сериозно критикувани.

Поранешниот дефанзивец на Барса заминува преку задниот влез, но неговата замена сè уште не е позната.

Ова е втора одлука на Управниот одбор во последните 24 часа по разрешувањето на тренерот Кике Сетиен.

Најнови вести