Пратеникот и претседател на чаирскиот огранок на ДУИ, Изет Меџити како што дознава Курир од партиски извори незадоволен е од изборот на кадри и бара вице премиерско место во новиот владин состав.
Според нашите информации зад Меџити стојат уште двајца пратеници, односно Зибери и Ајдари од Куманово и двајцата од редовите на ДУИ.
Коко што велат нашите извори доколку не се најде што побрзо некое решение, тешко е дека ќе помине утрешното гласање, дури и некој министер можно e и да не помине со доволно гласови.