Унгарија планира од 1 септември да ги прошири мерките за преминување на границата со цел заштита од ширење на коронавирусот, а поради растот на бројот на заразени во соседните земји, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан на државното радио изјавил дека во пресрет на почетокот на новата учебна година не е можно да се продолжи со истиот систем на поминување на граничните премини.
Во моментов повратниците од земјите со зголемена стапка на инфекција се обврзани да бидат во двонеделен карантин, ако не сакаат да направат два PCR теста кои мора да бидат негативни.
Орбан не објави детали за планираното засилување на мерките на унгарската граница. Поради новонајавените мерки на државјаните на Унгарија им е препорачано да избегнуваат одмор надвор од земјата од следниот месец.