петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Поради лошото менаџирање со претходниот состав на Собранието, ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Џафери за претседател на законодавниот дом

Мицевски: Поради лошото менаџирање со претходниот состав на Собранието, ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Џафери за претседател на законодавниот дом

-Ако денот по утрото се познава ќе имаме лош ден затоа што начинот на формирањето на ова парламентарно мнозинство, начинот на почетокот на првата конститутивна седница, продолжетокот на првата конститутивна седница не ни даваат за право да мислиме дека ова владеачко мнозинство имајќи го во предвид начинот на кој што во предизборниот период манипулираше со вонредната состојба и со голем дел на уредбите кои што беа донесени во тој период, а ние како политичка партија реагиравме за истото зашто се сведоци и граѓаните во Република Македонија укажува дека продолжуваме да работиме на истиот начин. Затоа и избрав да кажам ако по денот по утрото се познава ќе имаме лош ден, истакна Никола Мицевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Мицевски во своето обраќање направи една ретроспектива односно рече дека има една старо-новата коалиција која во предизборието не бираше зборови за навреда едни за други притоа повикувајќи се на чесни кадри, повикувајќи се на почитување на правото, намалување на криминал.

Тој потсети на претходниот мандат на истото владејачко мнозинство во кој се кршеа деловникот и беа кратени постапките со кои се оневозможуваше дебата во Собранието. Од вкупно околу 850 закони поднесените закони од владата и пратениците, од кои во скратена постапка беа 330 закони. Токму поради искуството со менаџирање на собранието во претходниот мандат, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија.

-Со 62 пратеници нема функционалност и нема стабилност да има во овој законодавен дом, свесни сте и вие дека оваа работа нема далеку да оди и нема далеку и да стигне, гледаме дека и самиот почеток кој 2-3 дена успевате некако да го менаџирате и со различни изјави излегувате пред македонската јавност ви оди многу тешко, порача Мицевски.

Најнови вести