среда, 6. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Панова: Изборот на претседател на Собрание е плод на лицемерие, договор за продолжување на криминалот, лагите и корупцијата

Панова: Изборот на претседател на Собрание е плод на лицемерие, договор за продолжување на криминалот, лагите и корупцијата

Ели Панова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница рече дека во наредниот период е жестоко спротиставување на оваа власт која е на стаклени нозе, а тоа го видовме уште првиот ден.

-Јас ќе се залагам сите проблеми на граѓаните да се отворат тука истовремено ќе бидат и остар критичар на сите погрешни политики. Во оваа прилика нема да зборувам за масовниот поткуп кој се вршеше во текот на изборите, за што и лично објавив срамно видео како се поткупуваат гласачи од ранливи категории на граѓани во Струмица, нема да зборувам за притисоците, за деградирањето, за личните навреди кон мене и сите недемократски активности на кандидатите за пратеници и членови на СДСМ, но јавно ви ветувам дека често лично ќе го повикувам на седници на Собранието, јавниот обвинител да ми одговори на сите прашања кои со месеци и години се молчи, а јавноста е сведок за огромниот поткуп и за незаконските дејствија на функционери на СДСМ и ДУИ кои за жал јасно е дека нема да престане, посочи Панова.

-Денеска е точка за избор на претседател на Собранието на Република Македонија и нема да го дискутирам персоналното решение бидејќи Талат Џафери воопшто не го познавам. Ми смета начинот на кој што денес дојдовме до оваа точка односно избор на претседавач на Собранието. Беше скокната точката која што беше на дневен ред од прашања за кои што за нас сеуште не се јасни .Затоа морам да констатирам дека изборот на претседател на Собрание е плод на лицемерие, договор за продолжување на криминалот, лагите и корупцијата. Самото одолговлекување на изборот на претседател покажа дека во наредниот период кој нема да биде 4 годишен само ќе ја продолжи праксата на деградирање на институциите и затоа денеска нема да го подржат изборот за претседател на Собрание, додаде Панова.

Најнови вести