петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Почина поранешниот гитарист на „Red hot chili peppers“, причината за смртта непозната

Почина поранешниот гитарист на „Red hot chili peppers“, причината за смртта непозната

Музичарот Џек Шерман, кој својата популарноста ја стекна како гитарист во бендот „Red hot chili peppers“ почина денеска на 64 годишна возраст.

Причината за смртта на талентираниот гитарист засега не е позната. Поранешните колеги од бендот се огласија по повод неговото заминување.

-Му благодариме за сето време кое го помина со нас, добро, лошо и она помеѓу, напшаа членовите на „Red hot chili peppers“.

Шерман свиреше на деби албумот на бендот во 1983 година како замена за нивниот тогаш водечки гитарист Хајлел Словак. По заминувањето од „Red hot chili peppers“ станал баран гитарист и свирел во многу бендови кон крајот на осумдесетите и почеток на деведесетите.

Најнови вести