вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Почина режисерката Виолета Џолева

Почина режисерката Виолета Џолева

Драмски театар со длабоко жалење се простува од нивната драга долгогодишна соработничка, режисерката Виолета Џолева.

Во Драмски театар Скопје режираше повеќе претстави, меѓу кои:

Луиџи Пирандело – „Хенрих IV“ (1974) ; Пол Зиндел – „Дамите од Аламо“ (1990); Несин Азис – „Убиј ме душичке“ (1997); Васил Иљоски – „Чест“ (1998); Доналд Ли Кобурн – „Партија реми“ (2018).