петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Трагедија во Полска, во судир на комбе и автобус најмалку 9 загинати

ФОТО: Трагедија во Полска, во судир на комбе и автобус најмалку 9 загинати

Девет лица го загубија животот, додека седум други се повредени во судир меѓу автобус и комбе во Полска.

Несреќата се случила во близина на градот Гљивице, во југозападниот полски регион Шлезија. Жртвите се возеле во комбето, додека повредени се дел од патниците од автобусот.

Властите потврдија дека во моментот на несреќата во комбето имало девет лица и дека сите загинале, а во автобусот се превезувале 49 патници.

Портпаролот на полицијата изјави дека првичните резултати од истрагата покажувале дека возачот на комбето изгубил контрола врз возилото, дека се обидел да избегне слетување од патот, но возилото се превртело и удрило во автобусот.

Меѓу седумте повредени патници од автобусите, кои се однесени во болница, возачот е во најсериозна состојба. (MИА)