петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Обезбедувањето на Талат Џафери залегнато во тревникот пред Собрание

ВИДЕО: Обезбедувањето на Талат Џафери залегнато во тревникот пред Собрание

На денот на реизборот на Талат Џафери, старо-новиот претседател на Собранието, дел од неговото обезбедување се ладеше надвор од возилата, на тревникот пред законодавниот дом.

Дел од обезбедувањето манифестираше професионални манири, но еден од нив беше легнат на тревникот, каде што се наоѓа македонското знаме во вид на цветен аранжман.

Дали ова непочитување на законодавната институција и кршење на протоколите ќе продолжи и во иднина со исто темпо, останува како врвна задача на собраниските служби, кои се должни да интервенираат, а и веќе должат објаснување околу овој инцидент.

Најнови вести