Незапаметена трагедија се случила во Уганда кога гром убил 10 деца кои играле фудбал на отворен терен во градот Аруа.
Покрај децата кои настрадале, уште 4 се повредени, пренесува „Гардијан“.
Децата, кои биле на возраст помеѓу 9 и 16 години, се сокриле кога почнало да грми под импровизирано засолниште од слама.
„Децата играле фудбал кога почнала бурата и грмотевиците“, навеле од полицијата и додале дека уште четири деца се повредени.
Lightning strike kills 10 children playing football in Uganda https://t.co/yeZLMP574o
— BBC News (World) (@BBCWorld) August 28, 2020
Во Уганда ударите од гром се појавуваат за време на сезонските дождови, а се случувало гром да удри и во училница со деца, особено во руралните средини, бидејќи објектите немаат громобран.
Властите веќе извесен период апелираат училиштата да инсталираат громобрани, особено затоа што има игралишта и фудбалски терени во нивна непосредна близина.