петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Јагањац ја доби наградата за најдобар стрелец во СЕХА

Јагањац ја доби наградата за најдобар стрелец во СЕХА

Ракометарот на Металург Халил Јагањац денеска ја доби наградата за најдобар стрелец во СЕХА лигата.

Хрватскиот репрезентативец во оваа сезона постигна 100 гола, а зад него остана Бруно Буторац од Татран Прешов кој реализира вкупно 85 голови.

Наградата на Јагањац му беше врачена од извршниот директор на СЕХА лигата Синиша Остојиќ, пред стартот на Ф4 турнирот на натпреварувањето кое ќе се одржи викендов во Скопје.

МИА